Македонија
20. January 2019 - 16:43

Сообраќајка на патот Крива Паланка-Куманово, сообраќајот во прекин

 Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово кај месноста викана Просеченик во атарот на селото Псача.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека патниот правец е во прекин во двата правца од 15:40 часот поради сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно возило.