Македонија
17. јуни 2019 - 12:57

Сообраќајка на патот Крива Паланка-Куманово, има повеќе повредени

Во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ѓ.Ј. од селото Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 21-годишниот Н.Г. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобила 20-годишната Ј.И.Н. од селото Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.