Македонија
15. August 2019 - 10:50

Сообраќајка на патот Кочани - Штип, возач тешко повреден

Вчера утро во 06,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, на место викано „Солак“ В.Ѓ.(44) од с.Соколарци- О.Чешиново управувајќи патничко моторно возило “Форд“ со кочански регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.