Македонија
27. December 2019 - 10:34

Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, возач и малолетен сопатник тешко повредени

Вчера во 18.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од

с.Доброште и патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од с.Велешта.

Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.