Македонија
11. December 2018 - 10:20

Сообраќајка на патот Битола – Прилеп, четири лица повредени

Вчера околу 9,30 часот се случила сообраќајна незгода на патот Битола – Прилеп, пред влез во Битола, помеѓу патничко моторно возило „Фиат пунто” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од село Сопотница, Демир Хисар со сопатник Е.К(21), исто така од село Сопотница и товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(44) од село Ерековци, прилепско и сопатник Н.Ц.(19) од истото село. Во незгодата Б.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а другите три лица се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид на местото на настанот.