Македонија
29. April 2016 - 12:58

Сообраќајка на магистралниот пат Градско-Прилеп - Тригодишно детенце на Ургентен

Во 19 часот и 10 минути на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина кај селото Росоман, синоќа се случила страшна сообраќајка.

Возило „Ровер“ со кавадаречки регистерски ознаки управувано од 22-годишниот М.К. од Росоман и „БМВ“ со австриски национални ознаки управувано од 28-годишниот В.К. од Австрија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на Роверот, и 23-годишниот И.Ѓ. кој бил сопатник. Двајцата биле пренесени во Ургентниот во Скопје, додека со телесни повреди се здобил и возачот на БМВ- то и сопатниците од истото возило Л.К.(50), С.К. (30) и едно тригодишно дете, инаку сите од Австрија.

Тие по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила полицијата.