Македонија
8. November 2016 - 22:51

Сообраќајка на Илинденска: Настрадаа Мерцедес и Рено

Сообраќајна несреќа во која учествувале мерцедес и рено меган се случила вечерва на Илинденска во Скопје. Во мерцедесот се превезувале две машки лица, додека во меганот имало една девојка.

Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата, при што е констатирано дека нема повредени.

Од силината на ударот мерцедесот се излизгал и застанал дури по 70 метри. Се очекува да пристигне увидна екипа на полицијата.