Македонија
6. August 2020 - 13:59

Сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

На автопатската делница Тетово-Скопје попладнево се случила сообраќајка во која едно од возилата е превртено на покривот.

Несреќата се случила во близина на Групчин.

Засега нема информации за жртви или повредени во сообраќајката.

Поради несреќата, сообраќајот на тој дел од патот се одвива единствено по коловозната лента која служи за принудно запирање.

 

Зоран Јаневски