Македонија
22. October 2021 - 19:50

Сообраќајка меѓу две возила на „Илинденска“, три лица пренесени во болница

Сообраќајна несреќа меѓу две возила се случи вечерва околу 19 часот на булеварот „Илинденска“, пред кафе бар Трибека.

Во несреќата, едно лице е потешко повредено, а две други лица се со полесни повреди и сите се пренесени во болница.

Во тек е увид за причините на несреќата.