Македонија
27. August 2016 - 10:17

Сообраќајка кај Подмоље, еден загинат

Едно лице го загуби животот во собраќајна несреќа што изутринава се случи кај охридското село Подмоље.

Според СВР Охрид, до несреќата дошло кога патничко возило „пежо“ од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „Хјундаи“. Притоа животот го загубил возачот на „пежото“.

Во тек е увид на местото на несреќата за утврдување на причините.