Македонија
29. јуни 2018 - 10:26

Сообраќајка кај Неготино, тешко повреден возач

M.Ш. (49) од Штип вчера бил тешко повреден откако на регионалниот пат кон Неготино, со својата „сеат кордоба” изгубил контрола и удрил во бетонски браник.

Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Штип. Извршен е увид на местото на настанот.