Македонија
14. December 2018 - 22:36

Сообраќајка кај наплатната рампа Градско

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 21 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско.

– Сообраќајката е на место каде се изведуваат градежни работи на автопатот. Возило удрило во столб за пренасочување на сообраќајот поставен поради градежни работи на автопатот. Нема повредени, аувидот е во тек, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.