Македонија
13. February 2020 - 10:32

Сообраќајка кај Миладиновци, камион удри полицаец

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека на влез во с.Миладиновци, скопско, товарно моторно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(56) од Радовиш, удрило во полициски службеник, кој извршувал работни задачи.

Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.