-->
-->
Сообраќајка кај Длапкин Дол, еден загинат и тројца повредени
-->
Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.
Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.
Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирот кој Заев наводно мисли дека си го обезбедил, наскоро ќе стане негов кошмар, вели Мицевски
-
Адеми: Се расчистија дилемите наметнати од опозицијата
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 464 пациенти, слободни кревети има
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, а вкупно се лекуваaт 323
-
Левица: Апелираме до власта пописот да биде итно прекинат
-
Костадинов: Како меур од сапуница пукнаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски
-
Мотоциклист тешко повреден откако удрил во продавница во неготинско Долни Дисан
-
Викендов променливо облачно време со повремен локален дожд