Македонија
22. July 2018 - 16:21

Сообраќајен хаос во Охрид - градот нема доволно паркинг места

Сообраќаен хаос по улиците и недостаток на паркинг места и оваа туристичка сезона во Охрид.Во летно време расположливите паркинзи се претесни за двојно зголемениот број на возилата а во централното градско подрачје речиси и невозможно е да се најде слободно место. Наместо изградба на катни гаражи со кои би се  решил проблемот со узурпацијата на улиците и тротоарите главниот  туристички центар воведе зонско паркирање. Граѓаните и туристите велат дека мака мачат додека да најдат место каде да ги остават своите автомобили .

Надлежните велат  дека за целосно решение на градот му се потребни двојно повеќе паркинг места, но и неколку катни гаражи.

Градоначалникот Стојаноски потенцира дека изградбата на катната  гаража е еден од најскапиот  начин на паркирање и во поглед на инвестиција и во цената која што се  наплаќа.

И покрај најавите изминативе години за изградба на катни гаражи за кои беа посочени и одредени локации од сето тоа сеуште ништо, потребата од  ваков објект особено се чуствува во екот  на сезоната кога владее сообраќаен метеж и нервоза кај граѓаните.