Македонија
18. February 2017 - 9:33

„Сонот на вештерката“ - концерт за деца на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија денеска напладне во Домот на АРМ ќе одржи уште еден симфониски концерт за деца, насловен „Сонот на вештерката“.
 
Диригент ќе биде маестро Борјан Цанев, а аниматор, омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.
 
Оркестарот ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус...
 
- „Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која сонувала сите да ја сакаат, најавува Македонската филхармонија.