Македонија
2. September 2017 - 16:18

СОНК: Двосменското работење на градинките е избрзано

СОНК предупредува да не се злоупотребува работното време на вработените во градинките заради воведувањето втора смена. Негувателките и воспитувачките да не се задржуваат во установите дополнителнителни работни часови да се грижат за децата и попладне и навечер зошто има недостиг на ваков кадар. Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура остануваат на ставот дека двосменското работење е избрзано и потребни се подетални анализи.

Сличен е ставот и на директори на повеќе детски градинки. Од најголемата установа за згрижување деца во Аеродром ја поздравуваат оваа одлуката за двосменско работење, но сметаат дека голем дел од градинките не се подготвени за оваа мерка.

За забелешките на СОНК и градинките дека најголем проблем за двосменското работење е недостигот на кадар, министерката за труд и социјала ги повика општините онаму каде имало ургентна потреба да ангажираат воспитувачки и негувателки, а по завршувањето на изборите министерството ќе дало согласност за вработување.

Царовска потенцираше дека втората смена не е само за родители кои работат во државната администрација, туку за сите кои имаат потреба. Таа ги повика градинките да не ги манипулираат граѓаните дека мора да си ги земат децата до 14.30 кога завршува првата смена, туку останува да си важи старото работно време до 18 часот.