Џет-Сет
4. August 2017 - 13:57

Соња Вуксановиќ: Нема простување, попрво би умрела одошто да се смириме

-Попрво би умрела отколку да се смирам со Аца-се поверила на пријателите Соња Вуксановиќ, сопругата на Лукас.

Таа нема намера да му прости на познатиот фолкер што јавно се шеташе со Бранислава Пашајлија и ја најавуваше како своја идна сопруга, бламирајќи ја на секој чекор. Можеби таа и имала врска со познатиот поранешен кошаркар Марко Јариќ, но тоа беше под превезот на тајност и таа и Марко негираа дека биле во врска. Очигледно избрзаноста на Лукас со промовирањето на новата врска по разделабата со Соња, сега доаѓа за наплата, кога тој се покаја и посака да се врати во семејното гнездо.