Балкан
22. December 2015 - 9:38

Соња Караџиќ избрана за потпретседател на Парламентот на РС

Ќерката на поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, Соња Караџиќ-Јовичевиќ е избрана за потпретседател на Парламентот на РС. 

Караџиќ-Јовичевиќ (48) е избрана вчера како кандидат на најсилната опозициска Српска демократска партија (СДС). За неа гласаа 77 пратенци, а петмина беа воздржани.

Жељка Стојичиќ од СНСД е избрана за потпретседател од редовите на Хрватите, а Ненад Стевандиќ, кој е предложен од Слободниот демократски српски клуб е четвртиот потпретседател.

Претходно на позицијата потпретседал од редовите на Бошњаците е избран Сенад Братиќ.