Македонија
30. March 2018 - 8:25

Сончево време со температури до 22 степени

Времето во Македонија денес ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дувка слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од 13 до 21 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре преку ден ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег.

За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец, над 70 километри на час. Во недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.