Сончево време со слаб северен ветер и пораст на температурa
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утрото студено со ниски утрински температури. Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10 степени, а дневната температура од нула до 11 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура ќе достигне до осум степени.
За викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација