Македонија
18. December 2015 - 8:11

Сончево време со слаб северен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утрото ќе биде ведро и студено.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Викендов ќе се задржи стабилно и суво време. Во сабота ќе настапи преодно наоблачување, а од понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла.