Македонија
6. December 2015 - 8:01

Сончево време со слаб северен ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од   минус четири до пет, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје времето претпладне претежно облачно и тивко, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразено воздушно струење по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.