Македонија
11. May 2017 - 8:10

Сончево, топло и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.