Македонија
8. September 2017 - 8:45

Сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 28 до 32 степена. УВ-вредноста ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјата. Во недела ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време. В понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд со појава на грмежи, кога и дневната температура ќе биде во опаѓање.