Македонија
19. November 2019 - 8:37

Сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринска температура ќе достигне до 7 степени, а дневната температура до 15 степени.