Македонија
23. December 2018 - 9:17

Сончево со умерена облачност и слаб умерен северозападен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од  пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде стабилно и суво време. Ќе дува слаб умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус четири, а дневната температура до пет степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне.  Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.