Македонија
29. May 2019 - 8:10

Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.

И во наредните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.