Македонија
27. December 2017 - 8:46

Сончево со умерен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец, а по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Во западните делови кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќните часови и појава на локален дожд. 

Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до осум степени. 

Во четврток под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови. Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.