Македонија
1. February 2023 - 8:14

Сончево со слаб северозападен ветер и температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 10 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта како и во сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер особено долж Повардарието.