Македонија
25. May 2019 - 9:24

Сончево со мала до умерена облачност и топло

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската темература ќе се движи во интервалот од пет до 12 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 28 степени.

Во Скопје слично време со температура до 26 степени Целзиусови.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. в