Македонија
29. October 2020 - 8:13

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во утринските часови ќе има услови за магла по одделни котлини.

Во петок и сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.