Македонија
23. July 2020 - 8:19

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.

Во петок и во сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.