Македонија
18. October 2020 - 8:52

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 12, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините во средината на неделата ќе има услови за појава на магла.