Македонија
22. January 2020 - 8:04

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 2, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во четврток и со засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има повремени врнежи од дожд.