Македонија
17. January 2020 - 8:07

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до шест степени.

Во сабота по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер.