Сончево, попладне дожд
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде осум.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.
Во текот на целиот ден утре ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата