Македонија
27. April 2020 - 8:18

Сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 9, а максималната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од среда со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи, особено во попладневните часови. Дневните температури ќе бидат без значителна промена, а утринските ќе бидат над нулата.