Македонија
30. January 2016 - 8:04

Сончево и ветровито време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро со услови за магла по одделни котлини.

Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. 

Температурата ќе достигне до 11 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините.