Македонија
4. July 2017 - 8:51

Сончево и ветровито - повторно растат температурите

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Поварадарието и во Пелагонија.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.