Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец.
Според прогнозата на УХМР, попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец.
-Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата, наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион