Македонија
27. November 2020 - 8:16

Сончево и ведро време со максимални температури до 18 степени

Ведро и студено е утринава во целата држава. Слаба магла има во Скопската котлина и во Демир Капија.

Според утринските мерења на УХРМ, најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени по што следуваат Битола и Струмица со -7, Демир Капија со -6 и Тетово со -5. Четири степени под нулата се измерени во Скопје, Прилеп, Штип и Гевгелија, -3  во Дебар и -1 во Крива Паланка и Лазарополе. Нула степени утринава се измеренеи во Охрид, Виница и Маврово и 4 степени во Крушево и Дојран.  

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со слаба магла по котлините во утринските часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10 степени.