Македонија
30. September 2019 - 8:20

Сончево и топло време до среда

До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури.

Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се  поинтензивни и локално со појава на грмежи.

Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.