Македонија
22. April 2018 - 8:45

Сончево и топло време

Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

Времето денеска  ќе биде сончево со температура во интервалот од 21 до 28 степени, во понеделник од 23 до 30 степени. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 22 до 28 степени. 

Во среда и четврток температурите од 23 до 28 степени, односно од 25 до 30 степени Целзиусови.