Македонија
11. July 2015 - 8:08

Сончево и топло време

Времето  во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност во планинските региони. Ќе дува умерен северозападен ветер кој во попладневните часови ќе стивнува.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 28 до 34 степени. 

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаба облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, со слаб до умерен северен ветер. Преодно наоблачување ќе има во понеделник кон вторник.