Македонија
30. September 2022 - 8:29

Сончево и топло, викендот врнежливо

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 10 и максимална до 27 степени.

За време на викендот се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во сабота наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.