Македонија
10. August 2015 - 8:10

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено на планините во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

И во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник повеќе ќе биде застапена во западните и јужните претежно планински подрачја, а во среда и четврток се очекува појавите да бидат поретки. Дневните температури до среда ќе бидат во благ пораст, кога ќе се движат од 31 до 38 степени.