Македонија
4. May 2017 - 8:30

Сончево и топло - попладне невреме со пороен дожд, грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 28 степени.

Во петок и во недела ќе биде променливо нестабилно со локален пороен дожд и грмежи на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.