Македонија
4. July 2018 - 8:24

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

 - Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до  32 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време кога од попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени