Македонија
26. April 2018 - 8:32

Сончево и топло, попладне локален дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и рано попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11,  дневната од 23 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен дожд. Утринската ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 29 степени.